недела, 27. септември 2020. Вести денес: 91
home Вести

Каракамишева: Овој наслов покажува до кое дупло дно се дојдени „демократскиве“ владини новинари и медиуми во Македонија

Каракамишева: Овој наслов покажува до кое дупло дно се дојдени „демократскиве“ владини новинари и медиуми во Македонија

До кое дупло дно се дојдени “демократскиве” владини новинари и медиуми во Македонија покажува насловот што така гордо го стави порталот Плус инфо при преземање на интервјуто на Ана Дурловски од еден германски весник во кое таа ја опишува целата траорна состојба во нејзиното семејство при упадот на 15 униформирани лица за да го лишат од слобода нејзиниот сопруг, пишува професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил, споделувајќи линк од веста на „Плус инфо“ со наслов: Ана Дурловски: Премногу си ги отворивме устите!

-Замислете, тој семеен и личен траор некој смислено има за цел да го изврти, да го спинува во јавноста за да се разбере демек дека било кажано како каење на Ана за стореното од страна на нејзиниот сопруг!? Која мизерија, која нечовечност! Срам да ви е за ваквата “професионалност” и неетичност! Вие бре сте немале човечки, а не па демократски капацитет! На туѓата ли неволја и тага мислите дека ќе направите слава и потврда дека одлуките на судот се правилни? Кога сите вклучително и вие добро знаете дека притворите на 36 лица за настаните на 27 април се една тешка монтирана работа и едно големо злодело против Уставот и законите во државата. Наместо гордо да се ставате во полтронска позиција на власта, да им служите како крпа за бришење чевли, дајте малку свртете се кон етичките стандарди и професионалното новинарство, пишува Каракамишева и додава:

„Дека сте срам за јавноста тоа е познато. Дајте приберете се барем да не станете срам за човештвото! Целата ваша лична перфидност и расипана игра со насловот воопшто нема да ја смени смислата и длабоката тежина на изјавата на Ана дека во Македонија ни оддалеку нема слобода на изразување како што тоа го има во Германија, и дека Македонија е заробена држава во секоја смисла. Тежината на нејзината изјава не може да ја избрише ниту една ваша импровизација од наслов! Бедата на насловот е ваша лична беда! А гордоста на новинарот што го ставил овој расипан наслов е наша тага по изгубените човечки и демократски вредности!

Коронавирус