вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 117
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Каракамишева до Владата: Ќе ви ја дадевме бесплатно книгата по Современи политички системи, не мораше да правите договор без оглас

Каракамишева до Владата: Ќе ви ја дадевме бесплатно книгата по Современи политички системи, не мораше да правите договор без оглас

Професорската Тања Каракамишева на Фејсбук прашува зошто од Владата не било кажано дека им е потребна книга по Современи политички системи, за која не морало да се плаќа ништо, туку ќе им била бесплатно дадена. Таа и праша дали ова е начин да се задоволи профеосорот Јове Кекеновски пред референдумот?

Фејсбук статус на Тања Каракамишева:

Абе Влада на Северна, што не кажавте дека ви треба книга по Современи политички системи?

БЕСПЛАТНО ЌЕ ВИ ЈА ДАДЕВМЕ, не мораше договор без оглас од 42.000 ден. да правите!

Или сепак мораше да го задоволите Јове Кекеновски пред референдум, а?

Тој истиот Јове Кекеновски што пред повеќе од 15 години од Наставно-научниот совет на тогаш приватниот факултет на Фиат и Бојо му беше наредено да ги повлече од печат материјалите затоа што му беа украдени од мене! Секако по моето дознавање дека се подготвува плагијат!

Се сеќаваш Јове на таа епизода или ја заборави?

И ти бе Рашко, не ли им кажа дека Конрад Аденауер обезбедува бесплатни книги за сите заинтересирани?
Знам, не е до книгите, кој знае во кое ќоше ќе завршат, туку ДО ПАРИТЕ Е! Како да се дрпне повеќе!

Парламентарни избори 2020