сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 29
home Вести

Каракамишева: Денес почнува кампањата за македонското самоубиство

Каракамишева: Денес почнува кампањата за македонското самоубиство

Денес почнува кампањата за македонското самоубиство! Ќе се трошат народни пари без усул за самоубиство со умисла! – напиша на својот профил на „Фејсбук“ професорката Тања Каркамишева, коментирајќи го официјалниот почеток на кампањата за претстојниот референдум.

-Прво да се самоубиеме па да се редиме за влез во ЕУ за што се потребни најмалку 12 години, и во НАТО најмалку 2-3 години!, пишува Каракамишева.

Таа апелира народот да не подлегнува на ова морбидно сценарио.

-Плус, не верувајте на билбордите закачени по градовите дека ќе сме имале бесплатни здравствени и образовни услуги во земјите членки на ЕУ! Зар може да се до толку манипулатори да лажат дека било каде во Европа може да се најде БЕСПЛАТНО здравство и образование, а посебно за нас, демек еве само нас не чекаат да не лечат бесплатно и да не едуцираат бесплатно? ПРОПАГАНДАТА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ВЕ ЛАЖЕ И ДА ВИ ДАВА ЛАЖНИ НАДЕЖИ како онаа на магарето што му ја давале “НЕ УМРИ МАГАРЕ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА!”, пишува Каракамишева.