четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Каракачанов: Историски факт е дека бугарската власт била сојузник со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти

Каракачанов: Историски факт е дека бугарската власт била сојузник со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти

Историски факт е дека бугарската власт и цар биле сојузници на Германија и Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите треба да бидат нарекувани фашисти. Сојузници беа и властите на Италија, и на хрватската држава, па не ги нарекувате фашисти.

Ова го истакна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој се вклучи онлајн на радио Канал 77 во моментот додека гостин во студиото беше и македонскиот премиер Зоран Заев.

Тој се осврна и на масакрот во Ваташа, кој според него не се случил бидејќи населението било македонско, туку поради војувањето на државата и комунистите. Вели таков случај имало и во централна Бугарија каде бугарската полиција убила 12-13 деца.

– Јас сум одел во Ваташа три пати. Првиот пат во 94 година. Сум прочитал повеќе документи за Ваташа од вашите колеги. Случки како Ваташа има и во Јастребино во централна Бугарија каде бугарската полиција убива 12-13 деца и ги убива не затоа што се Македонци, туку тоа е граѓанска војна. Државата против комунистите, не е против Македонците. Тоа е затоа што комунистите војуваат со државата, и државата против комунистите, а не против етнички Македонци или други. Ваташа е трагичен случај од нашата заедничка историја, смета Каракачанов.

Премиерот Заев истакна дека сепак Договорот со Бугарија од 2017 година може да даде резултат ако се спроведе и ако двете страни се почитуваат во преговорите.

-Со господинот Каракачанов многу често разговараме за добрата иднина помеѓу Бугарија и Северна Македонија, помеѓу двата народи и јас верувам дека правиме се од двете страни тоа да го постигнеме, но точно е, факт е дека во секое поглавје може Бугарија да ја блокира и Северна Македонија и Албанија и Србија и Црна Гора заради тоа што тоа право го има секоја земја членка. Каракачанов но и премиерот Борисов се за пријателство, сакаат двата народа да бидат пријатели, еве господинот Каракачанов нема проблем да зборува за македонскиот народ, да зборува за јазикот, но истовремено јас ги разбирам и потребите на Бугарите и на владата во Бугарија дека треба да се утврдат историски факти и низ духот на пријателството на основа на тие историски факти да ја градиме иднината, изјави Заев.

Најнови вести

Коронавирус