сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Каракачанов го превоспитува Заев како прваче, вето за ЕУ ќе има

Каракачанов го превоспитува Заев како прваче, вето за ЕУ ќе има

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов ги разобличи и демантира тврдењата за добрососедските односи на премиерот Зоран Заев и сега вицепремиерот Никола Димитров за Договорот со Бугарија.

Од неговата изјава е јасно – вето ќе има и Бугарија ќе се спротивстави на закажувањето на првата меѓувладина конференција.

Како што пренесе бугарската агенција, Каракачанов изјавил дека Бугарија не ја менува својата долгогодишна политика. Каракачанов вели дека уште во октомври минатата година Бугарија многу јасно го кажала својот став дека ако не се почитува Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија од 2 август 2017 година, ќе се спротивстават на закажувањето на првата меѓувладина конференција.

Каракачанов исто така вели дека поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров не сторил ништо веќе 3 години за подобрување на билатералните односи. За Владата во Македонија и Зоран Заев, Каракачанов вели да не очекуваат дека Брисел ќе ја притиска Бугарија исто така тој смета дека власта во Македонија не разбира како функционира ЕУ, а имале три години да се преиспитаат во однос на отворените прашања со Бугарија.

„Бугарската влада разви своја рамковна позиција, која беше одобрена од парламентот. Бугарската дипломатија се придржува до позицијата на владата и парламентот. Во оваа фаза, јас не гледам таква желба од страна на нашата дипломатија да го заобиколиме овој документ. Бугарија ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Јас во моментов зборувам во име на владата“, вели Каракачанов.

Според Каракачанов, Македонија не го почитува Договорот за добрососедство со Бугарија, иако е многу помек отколку Преспанскиот договор меѓу земјава и Грција. Токму поради непочитувањето на договорот, Бугарија минатата година донесе и рамковна позиција.

 

Коронавирус