вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Вести

Каракачанов до Заев: Старите финти веќе не поминуваат!

Каракачанов до Заев: Старите финти веќе не поминуваат!

Потпретседателот на бугарската Влада и министер за одбрана Красимир Каракачанов реагира на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Македонците и македонскиот јазик ќе бидат признати како посебни со влезот на Македонија во Европската унија.

„Не верувам дека сегашните политичари се разликуваат по нешто од старите. Се надевам дека ќе имаат повеќе разум и ако си мислат дека со старите финти – прво да зборуваат едно во Софија, едно во Брисел, а друго во Скопје и да си мислат дека финтата ќе им помине – тоа нема да се случи. Ако си мислат дека Бугарија ќе ги поддржи утре за членство во НАТО и во ЕУ и тие да си ги прават старите финти, тоа исто така нема да се случи. Процесот на воведување на бугарско самосознание во Македонија е неповратен. Нашата цел е да ја натераме македонската Влада да се однесува според европските норми и правила и да ги почитува“, изјави Каракачанов.