среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 3
home Вести

Караџовска разочарана и гневна на Заев, Филипче и Дончев: „Сите ми честитавте нов живот, а операцијата ја пропуштив, нека престане оваа тортура“

Караџовска разочарана и гневна на Заев, Филипче и Дончев: „Сите ми честитавте нов живот, а операцијата ја пропуштив, нека престане оваа тортура“

Снежана Караџовска од Скопје, која пред скоро три години настрада во тешка сообраќајна несреќа во Турција при судир на туристички автобус од Македонија и турски камион, остана без нозе. На јавноста и е позната по неколкуте јавни обраќања преку медиумите до власта, како и отвореното писмо кое пред неколку месеци му го напиша на Зоран Заев.

Денеска таа на својот Фејсбук профил напиша дури и дека е разочарана и гневна од Заев бидејќи и ветил ветување кое не било реализирано и исполнето.

-Почитуван премиер Зоран Заев

И јас сум многу разочарана и гневна, бидејки ми ветивте, но тие што требаше да го реализираат ветувањето не го исполнија.
Сите ми честитавте нов живот, некој преку фб, некој по телефон, а министерот Венко Филипче, г-динот @Ден Дончев и г-динот Орхан Рамадани лично.
Не им верував, не затоа што сум песимист туку затоа што до сега неколку пати ветија но ништо баш ништо не исполнија, а со тоа ја загубија довербата. Затоа овој пат барав гаранции од вас и молев да не го испуштам и овој термин. Министерот дури ми рече и да се јавам во Холандија да спремаат нова фактура. Јас по пеетти пат ја презакажав операцијата и му напишав на докторот дека обезбедени се средства и имам голема поддшка од владата . Поради неажурноста на институциите и овој термин го испуштив. Дали пациент со приоритет треба да чека три години.
Ми беше речено дека и вие ми честитате. Ако е тоа вистина како што ми пишуваше цело време г-динот Спасе Додевски ве молам да престане оваа тортура врз мене и нови преговори.
Ве молам почитуван премиер Зоран Заев да го исполните ветувањето, да ми се овозможат што е можно побргу средствата за лекување во странство, а со тоа и правото да можам сама да се грижам за себе.
Со почит
Снежана Караџовска, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.