сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 63
home Вести

Кандидат за градоначалник од опозицијата повикан во станица: Дали поединци од МВР злоупотребуваат функции?

Кандидат за градоначалник од опозицијата повикан во станица: Дали поединци од МВР злоупотребуваат функции?

Денеска попладне полиција контактирале еден од кандидатите за градоначалници на опозицијата со повик да се јави во полициска станица.

Кандидатот на опозицијата кој на овие избори претставува реална закана за соборување на противкандидатот на власта- актуелен градоначалник, отишол да се информира за што станува збор во полициската станица, и притоа бил задржан подолго време, подложен на испрашуван од страна на инспектор од МВР, пишува порталот Брегалнички.

-Немајќи никакви материјални докази за наводите кои му биле пласирани и врз основа на кои бил држан и распрашуван во полициската станица од страна на инспекторот, кандидатот за градоначалник бил ослободен да замине од станицата, наведува порталот.

Во билтенот на МВР за овој настан се вели дека бил извршен информативен разговор под основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.

Во билтенот на МВР нагласуваат дека:

“По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.” -со што на ден пред изборите во јавноста пред време преудицираат дека е направено кривично дело во функција на рушење на позитивниот углед на кандидатот на опозицијата, како дел од конструирана црна пропаганда, пишува Брегалнички.

Коронавирус