петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 163
home Вести

Канческа- Милевска тврди дека не е виновна за „Тендери“: Ќе докажам дека нема никаква злоупотреба

Канческа- Милевска тврди дека не е виновна за „Тендери“: Ќе докажам дека нема никаква злоупотреба

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешното рочиште за предметот „Тендери“ рече дека не чувствува вина за обвиненија што против неа ги поднесе СЈО.

Како невини се изјаснија е двете други обвинети, Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова-Цветковска.

– Го разбирам тоа што е напишано, но не можам никаде да најдам каде има злоупотреба во обвинението. Ќе докажам дека се испочитувани сите процедури и дека нема никаква злоупотреба, рече Канчевска-Милевска.

Посочи дека пред да има обвинение од СЈО, таа на прес-конференција јавно ја презентирал целата документација. Тврди дека и таа и другите две обвинети во „Тендери“ работеле според законските прописи.

Судењето ќе продолжи на 13 април со преслушување на пет аудио снимки кои се доказ во постапката.

Коронавирус