понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Канческа – Милевска спасена со „ТНТ“

Следното судење е закажано за 24 февруари. И претходно, судењата за „Тендери” се одложуваа поради одржување на рочишта за други предмет...
Канческа – Милевска спасена со „ТНТ“

Поради новото закажано рочиште за „ТНТ“, се одложи судењето за „Тендери” во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Судијата Осман Шабани е дел од судечкиот совет во двата случаи, а рочиштата се закажани едно по друго, со половина час разлика.

Следното судење е закажано за 24 февруари. И претходно, судењата за „Тендери” се одложуваа поради одржување на рочишта за други предмети.

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот на ВМРО се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Коронавирус