четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Канцеларката Ангела Меркел пристигна во Македонија

Канцеларката Ангела Меркел пристигна во Македонија

Со сите државни почести, на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречекува германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Меркел воедно е првиот германски канцелар кој доаѓа во посета на Македонија.

За деталите од средбата по еден час во холот на Владата ќе се оддржи заедничка прес конференција на македонскиот премиер и германската канцеларка.