петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Канал 5 извести за состојбата на Гоце Михајловски и резултатите од тестирањето на уште 8 лица

Канал 5 извести за состојбата на Гоце Михајловски и резултатите од тестирањето на уште 8 лица

Канал 5 ТВ ја известува јавноста дека нашиот гл. и одг. уредник Гоце Мохајловски од минатиот викенд е пуштен на домашно лекување во добра здравствена состојба

Дополнително, 8 наши колеги кои беа во домашна изолација упатени од Државниот здравствен санитарен инспекторат, на тестирањата добија негативни резултати.

Канал 5 ТВ му посакува на колегата Михајлоски што поскоро враќање во првите „борбени новинарски“ редови, и истовремено им се заблагодарува на сите наши добронамерни колеги од другите медиуми кои сочуствуваа со несаканиот здравствен проблем – Ковид 19.

Сакаме да ја известиме новинарската фела но и јавноста за важноста од почитувањето на мерките за заштита, особено маските ( и визирите ), како и хигиената на рацете, нешто што за среќа, го почувствувавме и на сопствена кожа.

Останете пристојно дистанцирани и заштитени!

Канал 5 телевизија

Најнови вести

Коронавирус