петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Канал 5 до „Бриф“: Се претера и со „бриферите“, наместо да го одбраните, го „дозакопавте“ Коста Петров

Канал 5 до „Бриф“: Се претера и со „бриферите“, наместо да го одбраните, го „дозакопавте“ Коста Петров

Откако Канал 5 објави „Видео: Кое е оригинал а кое e копија? На магазинот “Vogue“ или на Коста Петров?“, стана мета на критика во анализата на порталот Бриф.

Телевизијата возврати со уреднички коментар кој ви го пренесуваме во продолжение: 

Канал 5 сака да им објасни на членовите на семејството на Ленче Николовска, кои го раководат порталот brif.mk, дека КОПИЈА, неовластена, е тешко кривично дело насекаде во светот за кое е предвидена и ефективна затворска казна. Плус…

Канал 5 ТВ ви остава простор од 48 часа да ни се извините за сериозната клевета – „опозициски медиум“. Во спротивно до надлежниот суд че доставиме соодветен поднесок.

Истовремено, вашиот текст е „феноменален“. Имено, во истиот, сами си признавате дека видеото „30 секунди со…“ е авторство на Коста Петров, и дека истото е копија, односно плагијат, нашиот медиум ќе го достави , заедно со посоченото видео – „30 прашања со…“, при што ќе бараме да ни одговорат дали добиле барање за некаква „лиценца“ за овој нивен продукт.

За ваша информација, „лошата копија“ не предизвикува никакво кривично дело туку претставува обид на одреден автор за сопствена креација. Од друга страна,  „добрата копија“ ако воопшто може да се нареченешто добро во овој случај, го девалвира „авторот“ , кој и самиот знае дека не е оригинален автор, и можно е да предизвика евентуални кривично-правни последици.

Дополнително, постои и етички „проблем“, дали со ова видео не се фаворизира одреден член на СДСМ, потенцијален кандидат за Технички Премиер? Или пак можеби е „утешна награда“.
Да бевме на местото на Коста Петров, потпретседател на СДСМ , ќе ви речевме – аман „Бриф“, не ме бранете повеќе!

Линк до brif.mk

Коронавирус