петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кампања за Светскиот ден за рак на дојка: Заедно можеме да направиме промени (ВИДЕО)

Кампања за Светскиот ден за рак на дојка: Заедно можеме да направиме промени (ВИДЕО)

Ракот на дојката го надмина ракот на белите дробови како најчеста форма на болеста, сочинувајќи скоро 12% од новите случаи секоја година ширум светот, соопшти Светската здравствена организација во вторникот. „За прв пат, ракот на дојка претставува најчесто појавуван карцином на глобално ниво. Ракот на белите дробови е најчестиот вид во последните две децении, но сега е на второ место, пред карциномот на дебелото црево, кој е трет најраспространет, изјави за Ројтерс Андре Илбави, специјалист за карцином при СЗО, на брифингот на ОН пред Светскиот ден за борба против ракот.

Светскиот ден на ракот е иницијатива на Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), која има за цел да се помогне да се спасат милиони животи и да се спречат смртни случаи секоја година со зголемување на свеста и едукација за ракот и придобивање на влади и поединци од целиот свет да преземат акција против болеста.

Глобалната статистика на рак се проценува дека се искачила на 19,3 милиони нови случаи и 10,0 милиони смртни случаи во 2020 година. Едно од 5 лица ширум светот развива рак за време на својот живот, а еден од 8 мажи и една од 11 жени умираат од оваа болест. Околу 2,3 милиони нови случаи на рак на дојка биле дијагностицирани минатата година, што претставува 11,7% од сите случаи на рак, се вели во соопштението на СЗО. Кај жените, ракот на дојка е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак ширум светот.

Како што расте глобалното население и се зголемува животниот век на луѓето, се вочекува ракот да стане почест а бројката да се зголеми на околу 30 милиони нови случаи годишно во 2040 година од сегашните 19,3 милионии во 2020 година.

Според СЗО, предупредувајќи на ризик фактори, велат дека околу една третина од смртните случаи од рак се должат на употребата на тутун, висок индекс на телесна маса, слаб внес на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност и употреба на алкохол.

Пандемијата со Ковид 19 изминатата година го наруши нормалниот тек на третманот на рак како во Македонија, така и во голем дел од земјите во светот, особено посочувајќи на доцнења во дијагнозата, следење на третманот со други дијагностички процедури, стопирање на скрининг програмите и сл. Од друга стрна здравствените работници се под екстремен стрес, зголемен е обемот на работа и отежнати се условите во кои работат, но исто така пандемијата влијеше и врз клиничките истражувањата.

Зголемената инциденца на ракот значи дека здравствените буџети на државите во светот се загрозени и тоа е едно од клучните прашања што предизвикува економско и финансиско оптоварување во светот денес. Јавните буџети за лекови и медицинска опрема исто така се засегнати заради високата цена на лекувањето и достапноста на терапиите кои можат да спасат или да им го продолжат животот на пациентите.

Затоа, инвестициите во превенција на ракот, раното откривање и контролата на ракот преку организирани програми и скрининзи е од клучно значење за да се помогне и да се спаси животот. Да не заборавиме дека импликацијата на буџетот и на пациентите и на државата е доста помал доколку ракот се лекува во ран стадиум.

Некои од најчестите видови рак како што е ракот на дојка, ракот на грло на матката, меланомот, колоректалниот рак, ракот на простата, можат да се откријат рано. Тоа е важно да се знае, бидејќи раното откривање на рак речиси секогаш овозможува тој полесно да се третира или дури и да се излекува.Тоа значи подобрени шанси за преживување и квалитетен живот на луѓето дијагностицирани со рак.

Владите, заедниците, работодавачите и медиумите сите имаат улога да се справат со сфаќањата за ракот за да се создаде култура кај населението, каде што има луѓе кои живеат со рак да не се соочуваат со дискриминација на работното место, во здравствениот систем или во општеството. Дискриминацијата за да се надмине, треба да се создадат и подеднакви услови за сите наши граѓани до пристап на здравствените услуги но и пристап до најновите тераписки опции. Во Македонија, пред 3 години за прв пат беше овозможен пристап до нови 30 биолошки и имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат централизирано од посебен буџет, но овие лекови за жал сеуште не се ставени на позитивната листа, а нивната достапност е неопходна за онколошките и хематолошки пациенти со малигни болести.

Постоењето и работењето на БОРКА преку организирање на голем број кампањи и едукации ни покажува дека е од огромно значење бидејќи директно го помага пристапот на информациите, но и информира и лобира за еднаквост до пристапот на услугите, дијагностичките процедури, скрининг програмите на национално ниво. Здравјето не е цена. Тоа е инвестиција. Зато треба да ја смениме приказната бидејќи фундаментално право на секој човек е здравјето. Да поттикнеме креирање на нови подобри услови за третман и терапија на нашите граѓании, да ги охрабриме и поддржиме сите во нивната борба со ракот бидејќи оваа борба е наша, заедничка. Заедно можеме да направиме промени.

ЕУРО 2020

Македонија