петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 139
home Вести

КАМИОНОТ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕНЕСЕ 45 ТЕЛА ЗАГЛАВЕН СО ЧАСОВИ: Му ги дишеа и гумите, еве ги деталите од пред мртовечницата (ФОТО)

КАМИОНОТ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕНЕСЕ 45 ТЕЛА ЗАГЛАВЕН СО ЧАСОВИ: Му ги дишеа и гумите, еве ги деталите од пред мртовечницата (ФОТО)

Камионот со кој до аеродромот ќе се транспортираат 45-те идентификувани тела од автобуската сообраќајна несреќа на магистралниот пат Струма пристигна во мртовечницата, објави „24 Часа“.

Посмртните останки ќе се превезат до аеродромот Враждебна, од каде утре треба со авион да пристигнат во Скопје.

Камионот пристигна точно во 8 часот утринава во зградата на мртовечницата во главниот град на улицата „Здраве“.

Меѓутоа, машината не успеала да влезе во дворот на мртовечницата бидејќи се покажало дека е превисока.

Таа веќе скоро еден час чекала на влезот, а возачот и локалната полиција не знаеле првично како да се справат со проблемот.

Во 9:30 пристигна дипломатски тим со претставници на Република Македонија, а час и половина подоцна камионот успеал да помине откако му биле издишани гумите.

Коронавирус