четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 112
home Вести

Камион го удрил натпатникот на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Камион го удрил натпатникот на автопатот во изградба Кичево-Охрид

При градежните работи за изградба на автопатот Кичево-Охрид оштетен е натпатникот кај селото Песочани во Дебрца, пишува СДК.МК.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека натпатникот не е загрозен и нема опасност да се урне.

Оштетувањето е видливо на страната каде што се пробиваат новите две коловозни ленти за автопатот. Делот под натпатникот е затрупан со песок, додека екипи вршат отстранување на оштетениот дел.

„Камион на градежната фирма ‘Илинден‘ која работи на патот, кога минувал под натпатникот бил со дигната приколка и удрил во една од бетонските греди, при што таа е оштетена. Сега се работи на најзино менување, а песокот под преминот е ставен како потпора за да ја симнат оштетената греда. Натпатникот не е загрозен“, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Коронавирус