понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Камиловски: Власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма за скандалот од 35 милиони евра

Камиловски: Власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма за скандалот од 35 милиони евра

Јавното здравство тоне во скандали. Наместо животот и здравјето на пациентите како и подобрување на условите на работа на докторите и медицинскиот персонал кои секојдневно вредно и пожртвувано работат, сомнителните бизнис зделки станаа главна реформа на оваа влада, министерот за здравство и СДСМ.

Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и  животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата?

Додека болниците мака мачат со материјали, медицински потрошен материјал, а пациентите се принудени сами да се снаоѓаат и препраќаат пациенти по приватни болници, си врват, си врват тендери тешки десетици милиони евра.

Еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и  животот на граѓаните е и најновиот тендер во здравство. Власта со овој тендер покажа дека здравјето и животите на нејзините граѓани се помалку важни од 35 милиони евра пари со кои треба да се одолжат мега донаторите на СДСM.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и предупредува дека ќе дојде до овие нерегуларности со измени на законот за јавни набавки и укинување на советот. СДСМ свесно го смени законот за да може сега да гии дели тендери.

Почитувани граѓани и пациенти,

Никаде во светот неможе компанија формирана пред неколку месеци замислете април месец оваа година со капитал од само 5000 евра според тековната состојба на Централен регистар да добие тендер вреден 100.000 евра а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании.

Неофицијално, дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси се изненадени што на  тендерот се појавува нова фирма која досега не работела  со оваа проблематика ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот.

Со ова, според истражувањето на многу фирми кои се занимаваат со овој вид на дејност со набавка на реагенси велат дека самата спецификација уште на почетокот отворила сомнежи посебно што во условите се наведени карактеристики само внимавајте на еден производител, компанијата АБОТ.  Што значи уште на стартот биле технички исклучени другите фирми кои биле заинтересирани за овој тендер.

ВМРО ДПМНЕ пред неколку месеци предупреди дека на повидок е веројатно најголемиот скандал во здравството во историјата на независна Македонија. Скандал тежок 35 милиони евра. Оваа фирма треба во наредните три години да ги снабдува здравствени установи во државата со реагенси.

Она што е индикативно  е,  зошто е сменет член 17 од договорот со кој доколку не се испорачува од фирмата која ќе го добие тендерот Министерството за здравство  слушнете треба да плати оштета  од 5 мил евра, нешто што досега не постоело во праксата ниту во тендерските услови.

Од друга страна со нашите стручните анализи предупредивме  дека има нелогичности:

  1. Во тендерската документација земањето на примероци е наведено од 8:00h до 10:30 часот во секоја институција. Се поставува прашањето што ќе се случува со итните пациенти после 10 и 30 часот во градовите каде што нема централизирани лаборатории.
  2. Понатаму од стручните анализи: Се поставува прашање кој ќе го контролира транспортот на примероци до централизираните лаборатории бидејќи се работи за хуман биолошки материјал кој што подлежи на распаѓање и според кои протоколи ќе се спроведува истото?
  3. Предупредивме и за тоа кој ќе ја контролира и гарантира точноста на резултатите,  сo ваквиот начин на колекција и транспорт.
  4. Исто така со ваквиот начин на колекција на невидено,  многу лесно може да дојде до случајна замена или намерна злоупотреба на хуманиот биолошки материјал,крвта и серумот од различни побуди.
  5. 5.  Големата раздалеченост на градовите до централизираните лаборатории е најголем несакан ефект  врз точноста на резултатите и здравјето на пациентите. Покрај тоа основна работа во биохемија, стручњаците тоа добро го знаат е сензитивност и специфичност на методи, а тоа со ваквиот начин на униформна  набавка е компромитиран?

Сето тоа се стручни факти кои укажуваат дека со овој проект се загрозува здравјето на граѓаните, здравјето на пациентите низ цела Македонија, но затоа ги задоволија милионските апетити на младите момчиња, доколку тие навистина стојат зад фирмата што го доби тендерот. Дали оваа фирма е само параван зад кој се кријат бизнисмени блиски до СДСМ?

Според медиумските анализи, 35 милиони евра, под сомнителни околности го добива фирма „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ “која е во сопственост на 27 годишен граѓанин ПП од Нови Сад Република Србија а локален директор од Гази баба Скопје извесен АЈ.

Дали е точно дека оваа фирма е формирана додека траел техничкиот дијалог како што кажав на крајот на април оваа година и претходно не учествувала во ваква или слична набавка за на нејзе да и се довери ваков тендер од кој индиректно ќе зависи здравјето и животот на граѓаните во Република Македонија?

Исто така многу важно: Дали и докторите и медицинскиот персонал, лаборантите и медицинските биотехнолози ќе ги изложите на непријатности и на опасноста да толкуваат резултати и да лечат пациенти со добиени погрешни резултати на крвта?

Дали докторот треба да верува на резултат на крвта кој патувал 100-тина км и повеќе? Дали  за тоа ќе барате после било каква одговорност од нив или пак можеби  ќе ги бркате од работа или пак ловење на вештерки само за да се замае фамилијата или јавноста не дај боже доколку некој пациент почине.

И на крај го прашуваме Министерството за здравство во што се состои заштедата на ова транспарентно коруптивна зделка што спектакуларно ја најавуваше министерот Филипче ако се знае дека пазарните цени на реагенси се 2 до 3 пати поевтини од понудените на тендерот. Така на пример пазарните цени на биохемиските реагенси  во количини кои се бараат во моментот изнесуваат некаде околу 368 милиони денари а понудените цени се 803 милиони денари, што значи скоро 3 пати повеќе од нормалното. Исто така  имунолошките реагенси чинат некаде околу 692 милиони а  понудените цени се околу 940 милиони денари. Моменталните цени на хематолошките реагенси на светскиот пазар во количините кои се бараат би чинеле околу 50 милиони денари а понудените цени се дури 207.769.000 денари слушнете, 4 пати повеќе.

Значи бесмислено е да се прави тригодишен тендер имајќи го во предвид фактот дека цените на реагенсите постојано од месец во месец паѓаат.

Затоа БАРАМЕ овој тендер да се прекине и министерството за здравство да се откаже од овој скап, сомнителен, но пред се штетен проект и го замолуваме Министерство за здравство посебно петочлената комисија која ги евалуира резултатите или веќе ги евалуирала да го чуе гласот на стручната фела како нивниот потпис свесно или несвесно ставен утре не биде предмет на обсервација на органите на прогон.

Доколку мислат дека сега, кога народот е загрижен дали и како ќе си го заштити својот националниот идентитет и името на својата држава во која се родиле, може да протнат сомнителни тендери тешки 35 милиони евра, многу се излажале.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма!  Доколку оваа набавка не биде раскината ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ќе ја претстави пред меѓународните институции и ЕУ како најбрутален школски пример за кражба на народни пари по цена на здравјето и животите на граѓаните и пациентите во Република Македонија.

Коронавирус