вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 15
home Вести

Камерман од МТВ почина од коронавирус

Камерман од МТВ почина од коронавирус

Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот, објавува Телма.

Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

 

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија.

На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.