недела, 19. септември 2021. Вести денес: 25
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Каменуван товарен воз во близина на „Скопје Север“

Каменуван товарен воз во близина на „Скопје Север“

Непознати лица вчера каменувале товарен воз во близина на железничката станица „Скопје Север“. Возот сообраќал на релација граничен премин „Блаце“ – железничка станица „Трубарево“. Повредени лица при каменувањето нема.

– Во полиција е пријавено дека помеѓу железничката станица „Ѓорче Петров“ и железничката станица „Скопје Север“, поточно на влезниот сигнал на железничка станица „Скопје Север“, непознати лица каменувале товарен воз, кој сообраќал на релација граничен премин „Блаце“-железничка станица “Трубарево“, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус