понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 155
home Вести

Каменос: Се обврзуваме дека договорот нема да се ратификува во Парламентот

Каменос: Се обврзуваме дека договорот нема да се ратификува во Парламентот

Јасна поддршка за Владата во пресрет на гласањето недоверба, но и јасна порака против договорот со Македонија испрати лидерот на Независни Грци и министер за одбрана Панос Каменос преку неговиот Твитер профил.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалициониот партнер во владата порача дека Независни Грци се обврзуваат договорот да не се ратификува во грчкиот Парламент и објасни дека денешното гласање не е поврзано со прашањето за името.

– За да ставиме крај на пропагандата за Македонија. Се гласа за крај на меморандумите и борбата против корупцијата. Никаков договор не е во сила, дури и да се потпише, ако не се ратификува, како што пишува во последниот член. Независни Грци, се обврзуваме да не се ратификува, напиша Каменос на Твитер, кусо пред два часот по полноќ.

МИА

Коронавирус