недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 10
home Вести

Каменос и преку Твитер лобира за име „Вардарска“

Каменос и преку Твитер лобира за име „Вардарска“

Лидерот на националистичката „Независни Грци“ и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос инсистира на неговиот предлог идното име на северниот сосед да биде „Вардарска“.

-Постојат словенски термини, како што е Вардарска, што може да се користат и кои нема да го содржат терминот Македонија и која ние ги прифаќаме, вели Каменос.

Денеска, тој на Твитер објави мапа на Југославија од 1937 година (Кралство Југославија), каде што стои името Вардарска.
Министерот за одбрана во неделата повика на референдум за прашањето за името на пЈРМ, пишуваат грчки медиуми.