петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Камчев поднел пријава против Јанева, нејзиниот син и обвинителката Стефанова

Камчев поднел пријава против Јанева, нејзиниот син и обвинителката Стефанова

Бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот Империја и кој го иницираше случајот Рекет, поднел кривична пријава против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, против нејзиниот син и против обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот Империја, информира Радио Слободна Европа.

Од Основното јавно обвинителство за РСЕ потврдија дека примиле таква кривична пријава од Орце Камчев.

Медиуми пишуваат дека според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, за, како што било наведено, да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.

Стефанова продолжи да го води случајот Империја и откако предметите на СЈО потпаднаа под надлежност на ОЈО.

Јанева е второосомничена во случајот Рекет, за кој наскоро треба да почне судење.

Најнови вести

Коронавирус