понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 133
home Вести

Камчев нема да бара пари од Кичеец

Камчев нема да бара пари од Кичеец

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара Зоран Милевски-Кичеец да му врати дел од неговите милион и пол евра од случајот „Рекет“. За оваа одлука неговите адвокати писмено го известиле Основниот граѓански суд.

Но, тужбата останува. Камчев сѐ уште бара обештетување заради коруптивно однесување од осудените Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од Владата, Републичкото јавно обвинителство и распаднатото СЈО. Причините за тужба против двете обвинителства, од кои едното веќе не постои, ќе бидат познати на 14-ти февруари, кога се очекува стартот на судењето.

На денешната јавна расправа Камчев не беше лично присутен. Шефицата на поранешното СЈО Катица Јанева побарала спровод од затворот Идризово за да присуствува на расправите, а нејзното семејство се согласило да ги покрие трошоците.

За случајот „Рекет“, Јовановски е осуден на девет години затвор, Катица Јанева на седум, а Кичеец на три години.

Коронавирус