понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Камчев: Мерката „Мој ДДВ“ е една од најголемите лаги во таканаречениот „План за живот“

Камчев: Мерката „Мој ДДВ“ е една од најголемите лаги во таканаречениот „План за живот“

Ѓоко Камчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната собраниска седница кажа дека не му е јасно како пратениците од СДСМ наоѓаат мотив да ги правдат неуспешните економски политики на оваа влада.

– Сите дискусии вклучително и дискусијата на министерката за финасии одат кон тоа дека со овој ребаланс на буџетот ќе се обезбедат уште повеќе пари коишто ќе се слеат кaj граѓаните. Ќе ве постетам да си го отворите вашиот таканаречен „План за живот“ и да прочитате според мерката „Мој ДДВ“ којшто ја планирате помпезно во изборната кампања во 2016. Според тоа ваше лажно ветување вие насекаде низ Македонија одите и им кажувате на граѓаните дека согласно оваа мерка дека годишно ќе се враќаат кон граѓаните 8 милјарди денари. За половина година според мерката како што вие ја конструиравте во буџетот не ќе можете да потрошите ниту 200 милиони. Таа мерка ви е една од најголемите лаги во вашиот таканаречен „План за Живот“, истакна пратеникот Камчев.

Потенираше дека кога се дискутира по овој ребаланс пратениците од СДСМ и коалицијата се држат по тоа дека спроведуваат мерки кои се во интерес на граѓаните, а граѓаните чекајќи на нив да ги спроведат мерките си заминуваат од Република Македонија, затоа што веројатно со оваа влада немаат удобен живот.

-Градите насекаде канализации и водоводи, а според ребалнсот кратите 300 милиони денари коишто се токму наменети за изградба на водоводи и канализации во Република Македонија, веројатно она што ви го имаат напишано како тези да го кажувате од оваа говорница сето она што не сте успеале во изминатата година треба да го покриете овде со пласирање на лажни вести меѓу граѓаните и целата јавност во Република Македонија, дополни Камчев.

Коронавирус