петок, 18. септември 2020. Вести денес: 58
home Вести

Камчев кон Лазарова: Магацин за складирање на компир не може да се користи како детска градинка

Камчев кон Лазарова: Магацин за складирање на компир не може да се користи  како детска градинка

На денешната собраниска седница за финансирање на буџет, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев и реплицираше на пратеничката од СДСМ, Мери Лазарова при што и укажа дека во нејзиното излагање очекувал дека овој пат ќе каже дека во Валандово е инвестирано и дека е отворен еден нов објект, односно е извршена реконструкција на детската градинка „Калинка“. Имено тој истакна дека новата градинка која е отворена во Валандово е отворена без технички прием.

-Нека слушне македонската јавност, нека слушнат институциите на системот, без технички прием, без потпис од надзорот отворена е градинката во Валандово. Ако некој што значи тоа, а на сите им е јасно магазин за складирање на компир не може да се користи доколку нема технички прием, не детска градинка во која што се згрижуваат деца. Да престанете со заканите кон вработените во детската градинка, да престанат директорите во локалната власт да им се закануваат со преместувања на работните места, истакна Камчев.

Пратеникот во своето обраќање на последниот ден  кога треба да се изгласа буџетот за 2020 додаде дека слогон со кој се  промовира буџетот за 2020 година „вложуваме во човечки ресурси“ претставува една голема лага, покривање на партиските вработувања, зголемување на платите кои ќе бидат искористени како обид  за предизборен поткуп бидејќи граѓаните не веруваат повеќе во оваа влада бидејќи се се повеќе разорани од сите политики кои ги креира оваа криминално- рекетарска влада предводена од СДСМ

 

Коронавирус