недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Камчев го пријавил Рекетот кај Заев, Кичеец сведочи дека Боки од Владата бил информиран дека е пријавен за Рекет

Камчев го пријавил Рекетот кај Заев, Кичеец сведочи дека Боки од Владата бил информиран дека е пријавен за Рекет

Осудениот Зоран Милески Кичеец неодамна сведочеше дека Боки 13 бил информиран од Владата дека е пријавен за Рекет, а сето ова се потврди и со неговиот исказ даден пред обвинителството.

– Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил.“, вели Зоран Милевски Кичевскиот на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

По ова логично се поставува прашањето кој му помагал на Боки 13 и кој е тој човек од Владата доколку се знае дека Орце Камчев директно го пријавил случајот кај Заев.

Во обид да се добијат одговори од институциите и властите пред два дена и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку прес-конференција постави уште неколку прашања во врска со случајот Рекет и праша кој му помагал на Боки 13?

-Започнувам од првата афера, а тоа е аферата Рекет 1. Никој во оваа држава не смета дека криминалот и рекет од 8 милиони евра е можен од само двајца, до тројца луѓе особено ако се знае дека цел државен врв беше во организацијата на Бојан Јовановски. Но нив ги нема на обвинителната клупа. Воедно, нема никаква постапка и не се испитува улогата на поранешниот генерален секретар Кирацовски кој беше споменуван во овој случај, а постојано се плетка истрага против Ременски, која за разлика од сите останатите има вип влез и излез од обвинителството. Освен ова, како што пренесоа дел од медиумите, во исказите на сега веќе осудениот за Рекет, наводно се говори дека прецизно е посочено дека Бојан Јовановски станал посебно нервозен откако добил информација од владата дека е пријавен од страна на бизнисменот, од страна на лицето кое што е веќе осудено за случајот Рекет. Тоа потврдува дека владата, и тоа од највисокиот врв биле во тесна комуникација со првообвинетиот Јовановски. Кој е тој кој може да даде таква информација?, прашува Мицкоски.

Тој додава дека исто така да го повторам сведочењето на Бојан Јовановски којшто велеше дека доколку се прегледаат камерите од видео надзорот од неговата куќа јасно ќе се види кое е лицето кое ја изнесува торбата од неговиот семеен дом. Понатаму, медиумите пренесоа дека во истрагата се споменува и дејствие со кое прво осомничениот сакал да издејствува од одредени кругови финансиски средства со цел да биде ставено одредено лице за прв човек на голема компанија каде државата има удел. Таква постапка е само возможна доколку некој од Владата вети дека ќе помогне за такво именување. Ова само отвора сомнеж дека грбот на Бојан Јовановски се наоѓа во зградата на Илинденска. Каде е Зоран Заев во овој случај  да даде исказ и дали воопшто се зборува за овој случај?

-Уште едно не одговорено прашање е зашто првиот човек на македонското здравство Венко Филипче договарал партнерство за болници со шоумен како Бојан Јовановски во неговиот дом, и што барала и што договарала министерка од владата во домот на Бојан Јовановски по покренување на официјалната истрага, рече Мицкоски.

Коронавирус