вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Камчев: Дојдовте на дереџе да промовирате и браните некои нови шминкерски мерки кои мислите дека лесно ќе поминат кај народот

Камчев: Дојдовте на дереџе да промовирате и браните некои нови шминкерски мерки кои мислите дека лесно ќе поминат кај народот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Камчев на денешната седница на Собранието на Република Македонија потенцираше дека отсуството од седниците е сосема несериозно од страна на министерката за финансии г-ѓа Нина Ангеловска. Исто така истакна дека иако можеби таа лично не влијаела многу во изработката на ребалансот на буџетот, сепак доколку присуствувала на некоја од седниците би можела во координација со пратениците од пратеничката група да образложи во врска со ребалансот на буџетот.

-Дојдовте на дереџе да промовирате и браните некои нови шминкерски мерки кои мислите дека лесно ќе поминат кај народот, но знаете дека овие мерки со овој ребаланс и овие цифри кои се спомнуваат во ребалансот нема да ви овозможат реализација на ниту еден проект. Тврдам дека не постои мерка која што ја измисливте, а не ја промашивте.

Камчев истакна дека и мерката која ја промовираа СДСМ за субвенционирање на минималната плата е популистичка и несериозна, бидејќи за истата од ребалансот за буџетот за 2019 биле издвоени 4,2 милиони евра, а во моментов истите се скратени на само 377 илјади евра.