петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Вести

Камчев до Заев: До каде е постапката за продажба на Мерцедесот, колку амбуланти возила купивте?

Камчев до Заев: До каде е постапката за продажба на Мерцедесот, колку амбуланти возила купивте?

Ѓоко Камчев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница потенцираше дека состојбата во здравството е се повеќе очајна и дека нема простор за фалење во делот на овој ресор.

Тој додаде дека СДСМ и Заев воопшто не се сеќаваат на предизборните ветувања во делот на здравството и дека воопшто ништо не е исполнето.

– До каде е постапката за продажбата на Мерцедесот, колку амбулантни возила купивте? Вие премиере Заев дефинитивно не се сеќавате на вашите предизборни ветувања, Мерцедесот и ден денес ви служи во Владата, а болнички возила нема, рече тој.

Камчев кажа дека Владата се фали со укинатите квоти на лековите додека секојдневно цените на лековите во аптеките се се повисоки. Тој истакна дека пензионерите со своите пензии кои што се намалени имаат потешкотии да ги купуваат потребните лекови.