сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Калеска нема доверба во македонкото општество и затоа мора двоен потпис за пописот

Калеска нема доверба во македонкото општество и затоа мора двоен потпис за пописот

Јас се согласувам дека тоа не е вообичаено, не е вообичаено е да има двоен врзан потпис за резултатите пописот, но од каде извира ова? Овде има своја политичка тежина и тоа само во овој сегмент има. Зошто? Токму заради тоа што ние како општество се уште не сме до тој степен на целосна доверба мултиетничка и заради превенирање на ваква важна статистичка операција. Ова го посочи пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ на гостување во 24 анализа на прашање за пописот во однос на двојниот попис.

Со ова таа практично призна дека целата ситуација околу двојниот потпис не е вообичаена и дека има политичка тежина поради како што вели мултиетничката недоверба во општеството.

Се поставува и прашањето дали има и недоверба помеѓу коалициските партнери ДУИ и СДСМ, дали го потврдува неуспехот на проектот едно општество за сите на премиерот Зоран Заев.

Ставовите на пратенилјата Калеска од СДСМ само го потврдуваат она на што ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период предупредува.

-Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во последното соопштение на партијата на тема попис.

Коронавирус