среда, 28. јули 2021. Вести денес: 147
home Вести

Календар на МПЦ: Денеска Св. маченици Прокло и Илариј

Календар на МПЦ: Денеска Св. маченици Прокло и Илариј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јули. Денеска е Св. маченици Прокло и Илариј.

Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови. Инаку, тој потекнуваше од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара. Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче Илариј и извика дека и тој е христијанин. Така тој во вечноста го врза своето име за името на свети Прокло.

Прокло беше погубен уште истиот ден, а по три дена и Илариј беше обезглавен.

Според Католичкиот календар сенеска е Св. Јаков.

Роден е во Бетсаид. Бил брат на Иван Апостол. Во 42 година, кралот Херод наредил да го убијат свети Јаков. За неговата смрт, се говори во Светото писмо. Во негова чест во Компостело, во Шпанија е изградена црква во која секоја година стотици илјади луѓе се молат за разни животни потреби.

Коронавирус