среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Калајџиев за Законот за ЈО: ВМРО собра повеќе мислења и учество од правната фела, СДСМ беше надмен со лажна самодоверба

Калајџиев за Законот за ЈО: ВМРО собра повеќе мислења и учество од правната фела, СДСМ беше надмен со лажна самодоверба

Универзитетскиот професор по Кривично право, Гордан Калајџиев, смета дека ВМРО-ДПМНЕ, за време на целокупниов период на преговори и изготвување на Законот за Јавно обвинителство, собра повеќе мислења и учество од страна на правната фела отколку што тоа го направи СДСМ.

Коментирајќи во емисијата „Трилинг“, тој додава дека работната група на СДСМ е составена од некои чудни правни избори. Калајџиев смета дека партијта на власт, поаѓајќи од тоа дека ја има власта и моќта да предлага, беше малку надмен со една лажна самодоверба, која што продонесе за овој дебакл со законот за ЈО.

– Работните групи беа, делум, составени од партиски активисти. Кај СДСМ беа тоа некој чудни правни избори, кај ВМРО беа воглавно адвокати. Па, дури можам да кажам дека ВМРО, при целата приказна, од аспект на политичката страна, мислам дека собра повеќе мислења и учество од правната фела откулку што тоа го направи СДСМ. СДСМ, веројатно, поаѓајќи од тоа дека ја има власта и моќта да предлага, беше малку надмен во целата работа со една лажна самодоверба, која што мислам дека продонесе за овој дебакл, рече Калајџиев.

Професорот Калајџиев упати критика и за функционирањето на Јавното обвинителство, при што истакна дека во оследните неколку години, во редовното Обвинителство, имаме до сега невидена појава, судските рочишта да се одложуваат заради недоаѓање на обвинителите, што порано, вели тој, воопшто не беше практика, воглавно тоа беше заради отсуство на странките, односно обвинетите и адвокатите.