вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Калајџиев за „Рекет“: Извршители, поттикнувачи, помагачи тоа се споредни ликови и тие не егзистираат без главниот лик

Калајџиев за „Рекет“: Извршители, поттикнувачи, помагачи тоа се споредни ликови и тие не егзистираат без главниот лик

Сите овие прашања, а особено па прашањето поврзани со судбината на СЈО како тоа ќе биде преструктуирано не можат да се решат од денес за утре и од политичките елити, а најмалку од луѓе кои што се сами предмет на истраги, вели за телевизија Алсат правниот експерт Гордан Калајџиев.

Калајџиев зборувајќи за именувањето на обвинител, смета дека политичката елита не може да преговара за именувања во институции како Јавно обвинителство бидејќи се крши правилото на субординација. Според него, консензусот за обвинителството, освен името на обвинителот, го оневозможува и случајот „Рекет“.

-Тие што ги корумпирале обвинителите се во притвор, а обвинителката си работи, си брка работа. Извршители, поттикнувачи, помагачи тоа се споредни ликови и тие не егзистираат без главниот лик. Значи мора да е тој што ја злоупотребил положбата во центарот, па после другите да се апсат, додава Калајџиев.

Коронавирус