сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Сите знаат за капацитетот на Јанева и Јовановски, затоа постои тоа сомневање дека не го сториле Рекетот сами

Калајџиев: Сите знаат за капацитетот на Јанева и Јовановски, затоа постои тоа сомневање дека не го сториле Рекетот сами

Далеку сме од цела разврска за случајот Рекет, а овој случај е важен сегмент и поради СЈО и неговото функционирање. Што се однесува до Бојан Јованосвки-Боки13 тоа ќе треа во врска со постапките со неговата невладина. Но, сепак знаете какво е судството кај нас предметите одат на повеќе инстанци и тоа трае и трае, рече професорот Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа на емисијата „Што не е јасно“.

Според него сега моѓе само да се суди за пресудата, а и истата треба да ја видииме писмено.

-Вообичаено судијата треба да се осврне на клучните работи, а ние слушнавме опис, а ништо за клучните докази. Мора да ја почекаме пишаната верзија на пресудата. Многу работи се нејасни на пример што правеле на 40 рочишта кога не добиле ништо за главните факти, рече професорот.

Во контекст на кажувањето на Јовановски дека барајте ги парите од Рекет кај Вице и Зоран Заев, Калајџиев укажа дека не е чудно.

-Сите знаат за капацитетот на Јанева, а и на Јовановски, затоа постои тоа сомневање за нив дека можеле да го сторат тоа сами. Има предмети слични во кои се спомнува поранешен премиер, но тука не е СЈО, ниту Јанева , рече Калајџиев.

Тој укажа дека и рекол на Јанева дека е глупаво да се слика со такви личности како Јовановски и слично, зошто беше јасно кој е сопственик на телевизијата.

Коронавирус