вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 115
home Вести

Калајџиев: СДСМ се губитници, фијаско ви се деси во правниот систем (ВИДЕО)

Калајџиев: СДСМ се губитници, фијаско ви се деси во правниот систем (ВИДЕО)

Правниот експерт и професор Гордан Калајџиев во емисијата „Вин Вин“ ја праша пратеничката Калеска зошто СДСМ преку ноќ без никому да каже нешто и да праша, ја смени стратегијата на законот за јавно обвинителство.

-Јас ја поддржав идејата на стратегијата што вие ја донесовте и ја сменивте преку ноќ. И не кажавте два збора зошто ја сменивте. Ајде кажете зошто ја сменивте преку ноќ стратегијата, ја праша Калајџиев пратеничката Калеска Ванчева.

Тој додаде дека срамота е што СДСМ донесе стратегија, ја сменила преку ноќ па уште се вади на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека СДСМ е губитник.

-Вие сте губитници. Фијаско се деси во правниот систем. Еден збор од одговорност СДСМ не презема. Министерката не убедува дека е успешно завршен периодот на реформи. Демек 80% оствариле реформи. Правниот систем се распаѓа. СДСМ треба да преземе одговорност. Они се на власт, нагласи Калајџиев.

Калајџиев образложи дека е граѓански активист, и не е задоволен како припадник на „Шарена револуција“. Бидејќи СДСМ ништо не испорача од кога дојде на власт. СДСМ ги излажа граѓаните, особено активистите на „Шарена револуција“. Ветуваа реформи на големо, а од тоа нема ништо веќе три години.

Коронавирус