понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 136
home Вести

Калајџиев: Политичарите да си ја гледаат работата и нека бараат вакцини, а нека кренат раце од судството, да се престане со притисок кон судиите и приказните за чистка

Калајџиев: Политичарите да си ја гледаат работата и нека бараат вакцини, а нека кренат раце од судството, да се престане со притисок кон судиите и приказните за чистка

Не сум подджувач на приказната чистка во судството, тоа е притисок, судството треба да се остави, затоа што политичарите не треба да вршат чистка во судството и на тој начин да вршат притисок врз судиите, време е да се направи анонимна анкета на ОБСЕ или ОДИХР како пред десет години, за да си кажат судиите од каде навистина им доаѓаат притисоците и стравовите, не да си интерпетира Маричиќ и останати како сакаат, затоа што не се откажаа од притисокот кон Судскиот совет, а ништо не е променето, точно се знае дека политиката кажува особено за претседателските места каде има политички договори, па и политичка поделба на албански и македонски судови, а таа не е направена од Судскиот совет, тоа значи дека ништо не е променето, критикуваше професорот по кривично право Гордан Калајџиев вечерва во Топ тема на Телма телевизија.

Кајалџиев вели политичарите да не ја влошуваат состојбата во судството, како наводно правење на реформи со постојаниот притисок и чистите кои ги споменуваат.

Нека си вршат таму работа и нека си бараат вакцини и нека учат добро владеење, а во судството нека не се мешаат тоа е посебна власт, затоа што судството има начини саморегулатива и повисоки судови, вклучително и овие советиве, кои би работеле добро да не се политичарите, убеден сум во тоа, затоа што се се руши кога политичарите ќе замешаат прсти, вели професорот.

Коронавирус