понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Калајџиев: Освен реторика нема поместување со борбата со корупцијата, СДСМ ја прокоцка шансата која и беше дадена

Калајџиев: Освен реторика нема поместување со борбата со корупцијата, СДСМ ја прокоцка шансата која и беше дадена

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во Утрински брифинг вели дека со измислување на нови позиции како вицепремиер за борба против корупцијата нема никакво поместување во борбата со корупцијата.

-Она што најмногу ја интересира јавноста е високата корупција врзана со поврзана со полиичката елита па се надоле до администрацијата и таа има свој корен во тоа на кон начин функционира системот заробен од политичките партии. Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, такви измислени позиции кои што се противречни сами на себе бидејќи имаат судир на интереси, нема вистинско поместување, вели Калајџиев.

Според него, со изборот на Народниот правобранител практично е згазен Уставот посочувајќи дека со самото тоа дека се договара дали местото ќе припадне на македонскиот или албанскиот блок од таму започнува пазарот, додавајќи дека на ваква позиција во нормална држава се поставува човек кој ужива висок интегритет и углед и кој е борец за човековите права.

-Еве гледате имаме Народен правобранител, практично е згазен Уставот со поставување на партиска личност Народен правобранител. Прво е договорено или продадено да не речам дали ќе биде македонско или албанско местото, тука почнува пазарот, е после откако е поделено македонско или албанско местото се дели меѓу коалицијата, меѓу партиите и едноставно тоа е понижување на Уставот. Во нормална држава на тие позиции Омбудсманот ако нема силни правни алатки, ако нема интегритет кај личноста значи тоа мора да е личност што во јавноста ужива огромен углед, како борец за закони, човекови права и слично. Чим имате вие партиски човек кој што го доби ова поткусурување на нивните амбиции истиот да биде премиер, нема систем, рече Калајџиев.

Професорот смета дека власта обидувајќи се да најде решени на проблемите измислува работи како ветингот, нагласувајќи дека всушност ветингот сам по себе е фаќање на сламка од страна на власта.

-Власта притисната од реалните проблеми и обидувајќи се да најде некакви решенија на дневна база измислува вакви работи на пример како ветинг. Ветингот сам по себе е фаќање на сламка, ние имаме солиден систем кој кога би функционирал би ги разрешувал сите судии кај кои што има пропусти во работењето и тука по мене не би требало да се меша Антикорупциска комисија, рече професорот Калајџиев.

На прашањето, дали би имал мотив да влезе во граѓанска иницијативност против оваа влада како што не декларира Економист хибриден режим, Калајџиев истакна:

Морам да признаам дека СДСМ ја прокоцка таа шанса која што и беше дадена а која што ја поддржавме и невладините организации и други универзитетите, меѓународната јавност, и малку и се заборави дека тоа не е нивна победа или може мислеше дека еве вака ќе врати некој од учесниците на шарената револуција на позиции и со тоа ќе има вратите на луѓето. Не можете едноставно по ваков дебакл што се случи со немање на нула резултати со враќање на правна држава во едно па би рекол догледно време, е убиена надежта и тоа го гледате вие во секојдневниот живот. Вие веќе немате вистински реални протести иако имате огромно незадоволство.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија