среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 8
home Вести

Калајџиев: Луѓето се фрлени во апатија и безнадежност – Кога се појави аферата Рекет не изеде жива брука

Калајџиев: Луѓето се фрлени во апатија и безнадежност – Кога се појави аферата Рекет не изеде жива брука

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев објасни за „Што не е јасно“ на Алфа телевизија за реформите во правосудството. Според него тие треба да се остават на професионалните структури, а не на извршната власт.

-Решението за СЈО не знаеме од каде дојде, никој до сега не се пријавил за автор, а го добивме од работната група што ја работеше стратегијата. Целата работа беше набрзина, треба да се напушти тој пристап. Политичарите и странците сакаат брзи резултати, конкретно стратегијата се правеше на крај на лето за 10-тина дена, а на крај не се спроведе голем дел од неа и се заврши со ситни промени. Суштински реформи изведовме претходно и требаше да анализираме зошто уште имаме проблеми со тие реформи. Битен дел од реформата беше обвинителството да добие самостојност преку сопствени истражни центри. Обвинителството мора да се ослободи од истражувачките органи и од полицијата, рече Калајџиев.

За Судскиот совет Калајџиев рече дека се кутри и немаат сила ни да гукнат, според него се се чека да дојде одозгора некоја наредба, за која не е сигурен од каде доаѓа дали од политичките партии или од меѓународниот фактор.

-Рекет кога се појави не изеде жива брука. Рекет има нанесено штета на идејата за правна држава како никој порано. Ја оплескаа со изборот на Катица од првиот ден и жал ми е што вака заврши оваа приказна. Луѓето се фрлени во една апатија и безнадежност, дециден беше Гордан Калајџиев.