четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 43
home Вести

Калајџиев бара да се почитува Врховниот суд: Криминално-политичка, а не правна определба е ставот дека истрагите на СЈО отворени после рокот треба да продолжат

-Нормално би било во една држава ставот на Врховниот суд да се почитува и не е нормално едно обвинителство да го отфрла ставот на Врховниот суд, со политички дисквалификации, ниту СЈО како што го прави, ниту Републичкото. Би било тажна ситуација кога би било вистина дека може со лесно да се дисквалификуа комплетно Врховниот суд во смисла дека тој е некаква политичка приказна и дека еве сега ние не треба да го почитуваме, бидејќи тоа би значело дека ние уствари немаме правен систем, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во своето гостување во Дневникот на Сител.
Калајџиев бара да се почитува Врховниот суд: Криминално-политичка, а не правна определба е ставот дека истрагите на СЈО отворени после рокот треба да продолжат

Мислам дека во суштина за најважните прашања околу статусот на ЈО, во смисла на негова трансформација и продолжување на неговиот мандат во рамки на Републичкото со определена автономија, која што ќе дозволи да се бори со високата корупција, во суштина нема спор, дали ќе биде одделение или посебно обвинителство не е  некоја ниту битна работа и мислам дека тука ќе се постигне консензус без некои поголеми проблеми, смета Калајџиев.

-Другите две клучни прашања околу кои се води полемика се во суштина извишни и мислам дека непотребно ја обременуваат целава дискусија и целата јавност, со оглед на тоа што се работи за прашања кои воопшто не се регулираат со овој закон. Значи едното е прашањето за судбината на истрагите, кое што влече корени уште од нејаснотијата од членот 22 од Законот за СЈО, врзано за крајниот рок за истраги на СЈО, во смисла дали после тој рок воопшто може да се водат постапки и дали можеби тој рок важи само за СЈО или важни за сите обвинителства генерално, значи дали е некој краен рок во смисла на некое застарување и за тоа постојат различни мислења, но не  епрашање кое што треба да се уреди со овој закон, а ниту може да се уреди дополнително, вели Калајџиев.

Значи, додава тој, ако овие постапки според правото не можат да се водат во овој момент, нема да можат да се водат ни со еден закон кој што дополнително тоа би го уредил.

-Ниту пак обратно, апсолутно е затворено прашањето дали тие постапки кои би сопреле со постојната регулатива, а без да се уреди во законот, би можеле да продолжат, бидејќи тоа повторно ќе зависи од решенијата во ЗКП, бидејќи запрени постапки, со нови докази, според ЗКП може да продолжат понатаму. Така што, најдобро е ова прашање, како и прашањето со доказите кое што ќе предизвика непотребни компликации во правниот систем и ќе има проблеми врзани и со постојните случаи кои веќе се водат, бидејќи не е природно еден доказ да вреди во една постапка, а да не може д авреди во друга. Најдобро е овие две прашања да се симнат од дневниот ред, бидејќи не му се ни местото во Законот, судиите ниту судат по Законот за обвинителство, значи постапката се води според Законот за кривична постапка (ЗКП), вели Калајџиев.

Запрашан дали треба таму да се интервенира евентуално во однос на овие прашања, Калајџиев смета:

-Искрено мислам дека не треба воопшто да се интервенира, бидејќи судската практика треба и може да ги исполни овие празнини. Апелациските судови се немаат произнесено по ова прашање, а богами дефинитивен став нема ни од Основниот суд. Став има изградено обвинителството, во смисла дека тие, и тука имаме став и кај Министерството за правда поддржано воглавно политички и од странските амбасади дека постапките треба да продолжат, што е повеќе криминално политичка, да кажам определба, отколку правна, бидејќи правно доколку постојат процесни пречки во корист на обвинетите, тие исто така треба да се испочитуваат. Мислам дека ова прашање најдобро е да го реши судската практика, но без да има тука политички квалификации и интереси. Нормално би било во една држава ставот на Врховниот суд да се почитува и не е нормално едно обвинителство да го отфрла ставот на Врховниот суд, со политички дисквалификации, ниту СЈО како што го прави, ниту Републичкото. Би било тажна ситуација кога би било вистина дека може со лесно да се дисквалификуа комплетно Врховниот суд во смисла дека тој е некаква политичка приказна и дека еве сега ние не треба да го почитуваме бидејќи тоа би значело дека ние уствари немаме правен систем.

Коронавирус