недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 10
home Вести

Kалајџиев: Ако е точно дека нема независни судии и обвинители, тогаш не треба да имаме држава воопшто

Kалајџиев: Ако е точно дека нема независни судии и обвинители, тогаш не треба да имаме држава воопшто

Зрелоста на Македонија како правна држава е во прашања. Определени погрешни претстави се добиваат од сензационалните процеси. Дури и она што се случува пред судовите е само мал дел, уште од полицијата и обвинителството почнува, најголем дел од она што треба да стигне до судовите не сигнува таму, рече професорот Гордан Калајџиев во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

-Ако е точно дека нема независни судии и обвинители во Македонија, тогаш не треба да имаме држава воопшто. Законот за Јавно обвинителтво кој го изработи групата во која учествував и јас беше добар и јас апелирав да се донесе тој закон. Генерално е добро да се носи закон од фелата – истакна Калајџиев.

Според него, Законот за обвинителство не се носи бидејќи не им треба на партиите откако случаите на СЈО преминаа во Јавното обвинителство, односно дека во Законот нема реформа во обвинителството од причина што никој не побарал реформа во обвинителството.

-Предметите од СЈО и долгото траење на судењата се загрижувачки. Кај нас си продолжи системот на развлечена правда, судењата да траат со години. Кога пробувам да објаснам на судиите и претседателите на судови, тие ме гледаат чудно – вели Калајџиев.

Вели, додека бил советник во СЈО и кога Катица Јанева почнала да се дружи со Бојан Јовановски – Боки 13, тој ја прашал што и треба тоа, а она возвратила со прашањето „Што му фали“.