недела, 11. април 2021. Вести денес: 87
home Вести

Какво време не` очекува до понеделник?

Какво време не` очекува до понеделник?

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во сабота поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час.

Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови.

Дневните температури значително ќе опаднат.

Слаби локални врнежи се можни и во недела.

Коронавирус