четврток, 22. април 2021. Вести денес: 96
home Вести

Какво време нè очекува денеска?

Какво време нè очекува денеска?

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, кон крајот на денот ќе има намалување на облачноста, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен ќе биде по должина на Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до минус еден, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

До среда ќе се задржи стабилно и суво време, со пораст на дневната температура. Во вторник и во среда по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер, претежно од северозападен правец и ќе има умерена облачност.

Во четврток и петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежите ќе поминуваат во снег.

Коронавирус