До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината.
Вo недела пак, од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура.
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.
Од понеделник, метеролозите најавуваат опаѓање на температурите за неколку степени, засилување на ветерот и врнежи од дожд.