среда, 14. април 2021. Вести денес: 133
home Вести

Какво потценување: ЈП „Македонски шуми“ исплатила плати од 1 денар! (ФОТО)

Какво потценување: ЈП „Македонски шуми“ исплатила плати од 1 денар! (ФОТО)

Вработените од ЈП „Македонски шуми“ денеска со задоцнување од 10 дена ја земаа јануарската плата, но како што пристигна информација до нашиот медиум, ЈП Македонски шуми им исплатиле плата на вработените од само 1 денар, што е крајно потценувачки.

Само за потсетување ЈП Македонски шуми и минатата година се соочила со проблем околу исплаќање на плати, а како оправдување беше вонредната состојба поради коронавирусот.

Имено, тогаш 2.500 лица вработени останаа без редовна плата и без здравствено осигурување на работ на егзистенцијата.

Дали ќе има корекција во однос на јануарската плата или и ова јавно претпријатие пропаѓа, останува да видиме, но се погласни се вработените кои како што велат се потценети и заборавени од властите.

Коронавирус