среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 31
home Вести

Каква е улогата на Костадин Костадинов со рекетот на Боки13?

Каква е улогата на Костадин Костадинов со рекетот на Боки13?

Каква е улогата на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов со случајот Рекет? Дали честите средби на Костадинов со Боки 13 се поврзани со изнудувањето на пари и за какви се други матни зделки разговарале?

Имено, Костадинов од јуни 2017 е почесен член на невладината „Меѓународен Сојуз“ чиј претседател е првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13. Тој на настанот во организација на сојузот како в.д градоначалник на Струмица држел говор каде не се штедел на зборови фалејќи го Бојан Јовановски.

Воедно во наредниот период Костадинов често можеше да се забележи во друштво на Боки 13, а за тоа сведочат и бројните фотографии кои двајцата ги објавуваа на социјалните мрежи.

Исто така Костадинов заедно со партиската и владината делегација беше специјален гостин на отворањето на 1ТВ на Боки 13, а често беше гостин и по дебатните емисии во телевизијата.

Токму заради очигледната блискост помеѓу двајцата, јавноста со право се прашува дали Костадинов има врска со рекетот кој го вршел Боки 13, дали тој земал дел од изнудените пари, но и дали е еден од политичките фактори кои му давале ветар во грб за да може Боки 13 слободно да уценува бизнисмени низ државата.