понеделник, 24. февруари 2020. Вести денес: 164
home Вести

Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија?

Каква е состојбата на патиштата ширум Македонија?

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, додека врнежи од снег со променлив интензитет се бележат скоро на целата територија на државата, се наведува во извештајот од 18:00 часот на „Македонија пат“.

Предупредуваат дека поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод преку планинскиот премин „Барбарос“, како и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан и  Тетово – Попова Шапка,  каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири).

Од 15.10 часот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски поради свлечиште сообраќајот е во целосен прекин, а намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.