среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Како Заев ја замислува демократијата и правдата- За сите дури и за свирепи убијци има одложување, само Груевски не е излезен од суд

Како Заев ја замислува демократијата и правдата- За сите дури и за свирепи убијци има одложување, само Груевски не е излезен од суд

Судењето за случајот „Монструм“ денеска беше одложено за 17 април, бидејќи Специјалното јавно обвинителство побарало да го преземе предметот „Монструм“, за кој денеска беше закажано рочиште во Кривичниот суд.

Судењето, како што беше посочено, е одложено поради недоаѓање на јавен обвинител, а според судијата причината можеби е поради тоа што СЈО пред два дена поднело барање за преземање на предметот „Монструм“ кое вчера им било доставено.

Претходното рочиште за „Монструм“ кое беше на 12 февруари само што почна веднаш беше одложено за 14 март, бидејќи обвинителството не ги споило двете обвиненија за еден од обвинетите.

Инаку, масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За Судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

И додека се одолговлекуваат и одложуваат ваквите судски рочишта, како и рочиштата на премиерот Зоран Заев, предметите против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ експресно се процесиураат.

Рочиштата на Заев во предметот Поткуп за кој целата јавност виде како бара 200.000 за да заврши работа на струмички бизнисмен, и како раскажува дека истото го правел со сите бизнисмени во Струмица, се закажува на период од околу два месеци.

Додека пак поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, за една недела и по два до три пати се појавува на суд.

Неофицијално се зборуваше дека по наредба на Заев, претседателот на судот дал наредба на судиите да не дозволат никакви одлагања, а судењата да ги вршат максимално брзо.

Гледајќи ја моменталната ситуација, се доаѓа до заклучок дека не постојат реформи во судството кои ќе го решат политичкиот притисок. Ниту еден од законите не може да се справи со менталниот склоп на судиите, со нивните стравови, со нивниот интегритет, со послушноста кон моќниците и власта, со недостатокот на чувство за правичност. Попусти се и апелите на меѓународната заедница за реформи во судството кога сето ова се случува пред нивните очи, без нивна реакција, што укажува дека на некој начин ова го поздравуваат и стимулираат истите тие кои бараат подобро и реформирано судство.

Коронавирус