вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Како во 16-ти век: Обвинителката Трајчева одби да ги даде доказите писмено или на ЦД, осомничените ќе мора да ги препишуваат на рака

Како во 16-ти век: Обвинителката Трајчева одби да ги даде доказите писмено или на ЦД, осомничените ќе мора да ги препишуваат на рака

На денешната јавна седница за оценување на обвинителниот акт, осомничените преку нивните адвокати побарале препис на доказниот материјал, соопштуваат извори од одбраната.

Барањето доказите да ги добијат во писмена форма или на ЦД било одбиено од страна на обвинителката Ивана Трајчева, па во престојните 20-тина дена до наредната седница за оцена на актот, осомничените ќе мора стотиците страници да ги препишуваат на рака, за да може потоа да ги анализираат и да понудат свои аргументи со кои ќе ги оспорат материјалите понудени како доказ од Основното јавно обвинителство.

Не се познати причините за ваквото тотално нелогично однесување на Трајчева и причините поради кои од ОЈО не сакаат да им дадат на обвинетите копија од доказите за да може да ја подготвуваат својата одбрана.

Коронавирус