петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Како владините институции прават пари од тендерите- топ хартија на тендер вреди повеќе од тој во продавница

Како владините институции прават пари од тендерите- топ хартија на тендер вреди повеќе од тој во продавница

Центарот за граѓански комуникации објави истражување во кое се гледа дека има корупција кај јавните набавки на државните институции и јавните претпријатија.

Во документот кој го носи името „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“ се истражувани јавните набавки во 2019 година на 37 јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга.

Според податоците во истражувањето, топ хартија на тендер за јавни претпријатија чини двојно до речиси тројно поскапо отколу во продавница.

Центарот објави истражување за тендерите на 37 јавни претпријатија кои лани потрошиле вкупно 247 милиони евра.

Во случајот со 37 јавни претпријатија, за споредба е земена хартијата за печатење, поточно еден топ хартија А4 формат бела од 80гр. Разликите се огромни, најевтината е купена за 158 денари, а најскапата за 349 денари.

Соодносот на најниската и највисоката цена изнесува еден спрема два односно највисоката цена е за 120 % повисока од најниската. Да е апсурдот поголем, сите објавиле оглас за набавка на хартијата каде главен критериум била најниската цена а некои сепак платиле и 60% повисока цена од просекот.

Колку за илустрација, ЈП Македонски Железници Инфраструктура на тендер набавила 2.500 броја топ хартија а разликаката на поединечната цена во однос на просекот е дури за 16 проценти повисока. Железници на РСМ транспорт -Скопје набавила 8.000 броја топ хартија а разликата на поединечната цена во однос на просекот е дури за 59.36 проценти повисока. АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје набавила 1000 броја топ хартија а разликата на поединечната цена во однос на просекот е 55 проценти повисока.

Меѓудругото, Центарот констатира дека јавните претпријатија основани од Владата или општините често и значајно ги менувале годишните планови за тоа колку пари ќе потрошат на тендери.

Коронавирус