недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Како социјалните мрежи ја видоа дебатата: Мицкоски одличен на 24 Вести, нова енергија и свежина

Како социјалните мрежи ја видоа дебатата: Мицкоски одличен на 24 Вести, нова енергија и свежина

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија и исто така ние не дискутираме за идентитетските одредници, потенцираше партискиот лидер Христијан Мицкоски во своето гостување на телевизија 24 Вести.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде изговор за неуспех на некого бидејќи секој оној кој што самиот, како што знаат старите да кажат “си ја закувал чорбата, треба да си ја срка“. Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого ниту пак ќе бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Република Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ реагира дека владините претставници постојано ги менуваат своите изјави и даваат различни ставови во врска со овој процес. Тоа, според него, го прави и самиот премиер Зоран Заев.

-Прво тој имаше позиција дека ќе имаме референдум, потоа дека ќе имаме одложен референдум, за повторно да ја спомне позицијата дека доколку се дојде до заеднички прифатливо решение истото би било дадено на референдум. Гледаме лиферуваме со можни црвени линии што секако не му помага на процесот, напротив, мислам дека тоа штети на националните интереси на Република Македонија. Се на се, една конфузна ситуација во моментов се случува во овие преговори и за жал мислам дека процесот во моментов се претвора од игра која што треба да понуди решение во блејм-гејм игра. До кога ќе трае и како ќе се менаџира во иднина, мој совет е да биде малку поинаку и подобро визави она што сега се случува, но сепак одговорноста е на тие што го водат процесот од двете страни, истакна Мицкоски во 24 Вести.

Мицкоски истакна дека јавно искажаниот став на Зоран Заев каде што вели дека за македонската влада е прифатливо име со географска одредница директно и се наштетува на преговарачките позиции на Македонија.

-Географска одредница, сега е почетна преговарачка позиција на македонската влада,а компромисот во секој договор мора да се најде на средина што значи Македонија веќе има нарушена преговарачка позиција, а за двете страни да дојдат до договор, Македонија ќе мора да ги прифати максималистичките барања на грчката страна, додаде тој.

Според Мицкоски грчката страна ја зацврстува својата преговарачка позиција со се поголеми барања, македонската влада вели лицитира јавно со понуди и прави чекори кои тие ги нарекуваат гестови на добра волја, за кој што македонската страна добива палење на македонското знаме и повторна појава на андарите односно Македонија не доби ништо за отстапките кои ги направи.

Во однос на преговарачкиот процес коментираше оти ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде алиби за неуспех на владата на СДСМ, но и нема да прифати недостоинствено решение кое е спротивно на интересите на Македонија.

Во продолжение дел од коментарите на социјалните мрежи, за тоа како Твитер заедницата ја виде оваа дебата.

 

 

Коронавирус