вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 69
home Вести

Како што најави КУРИР: По низата анкети кои му покажаа дека губи, Заев во паника си нарача своја со резултати за негов мерак

Како што најави КУРИР: По низата анкети кои му покажаа дека губи, Заев во паника си нарача своја со резултати за негов мерак

Информациите кои ги објави КУРИР дека Зоран Заев нарачал анкета на една национална телевизија која ќе биде објавена овие денови, се докажаа.

-Според наши добро упатени извори Заев нервозен поради последователните анкети каде што ја губи довербата кај граѓаните, нарачал анкета каде води најмалку 1 процент. Со оваа анкета според нашиот извор Заев сака да го мотивира членството пред изборите кои ќе се одржат на 12 април идната година, објави КУРИР.

По низата анкети на кои убедливо водат ВМРО-ДПМНЕ и партискиот лидер Христијан Мицкоски, СДСМ и нивниот челник Зоран Заев си нарачаа анкета по своја мерка.

Имено, Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) и нејзиниот лидер и актуелен премиер Зоран Заев се најпопуларни меѓу граѓаните покажува најновата анкета на  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во пресрет на вонредните парламентарни избори што треба да се одржат во април 2020 година.

На прашањето „доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија би гласале“, 22,1 отсто од анкетираните се изјасниле за владејачката СДСМ, со што партијата има благо водство пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ за која рекле дека ќе гласаат 20,4 проценти од испитаниците, покажува анкетата.

Кога станува збор за популарноста на политичарите, според анкетата на МЦМС и „Социетас цивилис“, најголема доверба меѓу анкетираните од 16,5 проценти ужива премиерот Зоран Заев, пред лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кому најмногу му веруваат 14,2 отсто од испитаниците.

Дури ниту во анкетата која е направена по мерак на Заев, СДСМ не може да се пофали со голема поддршка кај народот.